јануари 15, 2017

Охрид, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Убавото и сончево време, со дневни температури напладне повисоки од 7 степени Целзиусови, ги извлече охриѓани од своите домови, а малубројните гости од хотелите.

Некои уживаа во прошетка и другарување со галебите по крајезерскиот кеј, некои во кафето и пијалоците на летните бавчи на градскиот плоштад, додека пак, ликовниот уметник и познат екологист, Свето Стефаноски доби инспирација, во средината на јануари и сред зима, да организира јануарска галерија на отворено.

Погледнете.

svetootvorenaizlozba2svetootvorenaizlozba3извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука