октомври 5, 2021

Скопје, 5. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со тимот експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА) предводен од Акира Такечи. 

На средбата се разговарало за реализација на планираниот проект „Собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Езеро во Република Македонија” за што беше понудена експертска помош од реномираните јапонски стручни лица со богато повеќегодишно искуство во оваа област.

Со оглед на важноста на заштитата на Охридското Езеро како национално природно и културно богатство што е и меѓународно признато, реализацијата на овој проект е оценета како исклучитечно значајна.
Имено, проектот всушност значи ажурирање и надградување на податоците што се содржани во „Физибилити студијата за подобрување на работтата на колекторскиот систем на Охриското Езеро“ изработена во 2015 година согласно новонастанатите промени на терен.

Како што нагласи министерот Нуредини, следна фаза би била изнаоѓање решенија за финансирање на колекторскиот систем и обезедување на негова непречена работа, со што ќе се обезбеди максимална заштита на езерските води, а со тоа и зачувување на природните вредности и здравјето на луѓето и живиот свет околу и во езерото. Проектот претставува директно остварување на националните таргети, но и реализација на препораките на Комисијата на УНЕСКО. (Крај)

извор: Министерство за животна средина фото: Министерство за животна средина 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука