Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Почина 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, за која охридската и македонската јавност периодов наназад собираше средства за лекување во Барселона.
Нејзината приказна за болеста ја крена на нозе целата македонска јавност, и за повеќе од два месеци се собраа половината од потребните за лекувањето на Јана на клиниката во Барселона. Јана пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.
Јана Арсовска боледуваше од многу редок карцином, адултен неуробластом во рамките на чие лекување двапати беше трансплатирана со коскена срж (2016 и 2018 година) со поддршка од ФЗО на Република Македонија. Ова е детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 милиони луѓе.
По втората трансплатација специјалистите од клиниката во Фленсбург, Германија, каде Јана беше лекувана препорачаа итно продолжување на лекувањето со имунотерапија, нешто што беше одбиено од Фондот за здравствено осигурување. Дополнително, од страна на ФЗО не ѝ беше понудена никаква алтернатива за третман на болеста и покрај одбивањето на итното барање на германските специјалисти, кои неколку пати нагласија дека без имунотерапија животот на Јана е сериозно загрозен.
Спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.
Почивај во мир, голем борецу. (Крај)
извор: Скопје 1 фото: архива