Ливерпул, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, е подготвен во текот на летото да го собори клупскиот рекорд за трансфери.
Германецот ќе испрати понуда во вредност од 50 милиони фунти за централниот дефанзивец на Саутемптон, Вирџил ван Дајк.
Се претпоставува дека „црвените“ ќе мора да водат жестока битка за потписот на интернационалецот од Холандија бидејќи за неговите услуги се заинтерeсирани и Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Евертон. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21