Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат настаните од првото издание на „Културолошка иницијатива 5 до 12“, алтернативно културно лето во Охрид.
Во кафе барот Shilla вечерва од 22:00 часот се одржa жива свирка со Јован Куцин acoustic trio.
– Ја поддржувам оваа иницијатива и енергијата на луѓето инволвирани во организацијата и реализицијата на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“. Се надевам дека ќе ни трае уште многу години, ќе има што повеќе локални артисти и уметници кои ќе се вклучат и ќе дадат придонес со нивно дело или труд, за добра забава на охриѓани и туристите, изјави Куцин.
Во рамките на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“ предвидена е разновидна и богата програма, во која ќе се вклучат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират итн.
Организатори се Супер радио и НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива