Охрид, 17. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Покрај обврските како професор по музичка уметност во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, музичарот Јоце Панов ја продолжува и својата музичка кариера и најавува две нови песни, на македонски и српски јазик.
Станува збор за две сосема различни мелодии, а се подготвува и поголем проект, кој ќе се реализира на почетокот на следната година, со кој Панов најавува дека ќе ја изненади својата публика.
– По повеќе од 50 објавени песни, многу освоени меѓународни награди и признанија и повеќе од две децении кариера, ова ќе биде големо изненадување за публиката која ги следи неговите настапи низ земјата, Балканот и дијаспората, велат од тимот на Панов и додаваат дека тој со голем ентузијазам и полна пареа работи на подготовките за овој проект. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива