Охрид, 7. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Музичарот Јоце Панов работи како професор по музика, но подеднакво успешно ја продолжува и својата музичка кариера и најавува две нови песни, на македонски и српски јазик.
Неговата најнова песна се вика „Во туѓина“, а испеана е и на македонски и на српски јазик, со што Јоце ја пробива јазичката бариера за голем дел од Балканот.
Музиката е на Демир Рама, а за текстот и аранжманот се погрижи самиот Панов. Видео записот е на Дарио Јанковиќ, а песната пее за животот надвор од татковината:
– Не е лесно брате мој, туѓина радост нема, нема сонце, нема среќа, само тага најголема, пее Панов во новата песна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 48