Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Водовод“ апелираат до сите корисници, рационално и внимателно да ја користат водата за пиење.
– Во деновите што следат со екстремно високи температури како и исполнетоста на градот со туристи, особено во периодот од 17:00 до 21:00 часот, кога потрошувачката на вода е екстремно голема, да се избегнува наводнување на поголеми површини (бавчи, ниви и паркови), полевање на дворови и улици, полнење базени и сл. со цел да се избегне нестабилност во водоснабдувањето, односно водата наменски да се користи како сите жители би имале непрекинато водоснабдување. Со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со законската регулатива, започнавме акција за исклучување на бесправни приклучоци, во присуство на комуналниот инспекторат при Општина Охрид, информираат од претпријатието.
Додаваат дека бесправните приклучоци се забранети со Закон (член 23 од Закон за водоснадбување) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на бесправен приклучок ќе биде поткрената соодветна постапка.
– Со бесправните приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во градот и околината, потенцираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива