Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Водовод“ од Охрид ги известуваат корисниците кои живеат во и околу мерните места Пазар и на потегот од село Орман до Охрид, дека при санирање на дефект, настаната е контаминација на водата за пиење во и околу овие мерна места.
– Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид земена е повторно вода за анализа од овие мерни места и се’ додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу овие мерни места, информираат од претпријатието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 58