ЈП „Македонија пат“: Со целокупната  механизација и работна сила сме вклучени во расчистување на патиштата
јануари 12, 2025

Скопје/Охрид, 12. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во моментов се активни забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, и на планиските премини „Пресека“ и „Плетвар“, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Потенцираат дека со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата.

– Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, информираат од претпријатието.

Додаваат дека сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нивниот дежурен телефон 02 25 61 502. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука