Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на У.З.Стар град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
– Апелираме до граѓаните комуналниот отпад уредно да го депонираат на определени места за оваа намена во точно определените денови за дадениот реон и во периодот од 22:00 до 07:00 часот. Граѓаните кои поседуваат објекти за издавање на туристи треба да ги информираат своите гости за комуналниот ред, со што се надеваме ќе се избегнат непријатните слики и ситуации со кои секојдневно се соочени нашите дежурни служби, велат од претпријатието.
Потенцираат дека секое непочитување на комуналниот ред и депонирање на комуналниот отпад надвор од пропишаните термини ќе биде санкционирано согласно Законот за јавна чистота. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива