Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат да престане уништувањето на контејнерите и кантите за отпадоци.
Велат дека во последните две седмици во два наврати било евидентирано палење на контејнерите лоцирани на почетокот од село Косел, а кај летниковецот кај село Велестово повторно биле украдени кантите за отпадоци, со што катчето за одмор и рекреација се претвора во простор опкружен со отпадоци.
– Со ваквите вандалски појави јавното комунално претпријатие се среќава секојдневно, а штетата е повеќекратна. Од една страна граѓаните остануваат без садовите каде треба да го депонираат отпадот, се прави неред во одржувањето на хигиената и се загадува околината. Пироманската појава на палење контејнери претставува опасност по пошироката околина и бара ангажирање на надлежни служби, велат од претпријатието.
Потенцираат дека ваквите случаи дополнително финансиски го оптоваруваат претпријатието за набавка на нови контејнери и канти за отпадоци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива