Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Депонијата „Мауцкер“ нема да работи до среда, 31- јули, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
Ќе се врши санација на состојбата на депонија после подметанатиот пожар.
– Нашите служби ги превземаат сите неопходни активности за гаснење на пожарот и нормализирање на состојбата. Опожарениот дел се покрива со повеќе слоеви земја кои во континуиран период од настанување на жариштето, се транспортираат и нанесуваат во депонијата, стои во известувањето.
Во последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите во Република Македонија стои дека е изгаснат пожарот на отворено во Општина Охрид, кај депонијата „Мауцкер“. На оваа локација неколку дена гореше ѓубриште. Од ТППЕ Охрид денониве интервенираа со соодветен број возила и пожарникари.
Пожар на оваа локација беше пријавен и неодамна, на 16-ти јули, при што исто така интервенираше екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива