Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Охридски комуналец“ ги повлече контејнерите од Грашница што беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино.
Од претпријатието додаваат дека контејнерите ги поставиле за полесно справување со комуналниот отпад што се создавал на тешко пристапните плажи, но несовесни поединци ги злоупотребувале за депонирање на секаков вид отпад.
– Контејнерите беа злоупотребувани за депонирање на секаков вид отпад од околното население, посебно кабаст отпад и градежен шут, деградирајќи го овој простор, злоупотребувајќи ја намената на контејнерите и нашите напори за подобро справување со отпадот од тешко пристапните плажи, велат од претпријатието.
Оттаму апелираат до граѓаните да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива