Охрид, 25. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ј.П „Охридски комуналец” ги повлече контејнерите од Грашница што беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино во текот на туристичката сезона.
– Контејнерите беа поставени наменски за време на туристичката сезона 2024 година, за полесно справување со комуналниот отпад што се создаваше на тешко пристапните плажи на локалитетите Канео и Лабино, информираат од претпријатието.
Оттаму со апел го граѓаните да не депонираат комунален, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 160