ЈП „Охридски комуналец“: Поради снежниот бран отежнато подигнувањето на комунален отпад
јануари 14, 2025

Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради снежниот бран што го зафати охридскиот регион, подигнувањето на комунален отпад е отежнато, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

– Многу локации што се предвидени за подигнување на комуналниот отпад, се тешко пристапни за нашите специјални возила и оневозможено е нивното слободно движење. Од тие причини во овие неколку денови, подигнувањето на комуналниот нема да се реализира со интензитет и динамика која е предвидена согласно годишната програма за работа. Се надеваме на разбирање од граѓаните и правните субјекти, додаваат од претпријатието.

По стабилизирање на состојбата велат дека подигнувањето на комуналниот отпад ќе се реализира согласно пропишаната динамика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука