ЈП „Охридски комуналец: Пред најавениот снежен бран, апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила
јануари 10, 2025

Охрид, 10. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заради најавените снежни врнежи во следните денови во охридскиот регион, Ј.П „Охридски комуналец“ апелира до граѓаните на Општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини.

Ова се однесува за централното градско подрачје, У.З.Стар Град, тесни улици, како и сите улици што согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато.

– Само со координирана акција и активно учество на сите чинители,  снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот, велат од претпријатието.

Додаваат дека на овој начин ќе се овозможи непречено и успешно дејствување на ангажираната механизација и ќе се елминира можноста за оштетување на паркираните возила при чистење на снегот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука