Охрид, 4. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден, теренот од депонијата „Буково“, кој беше опожарен се покрива со земја, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид.
– И во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ продолжија со активностите за санација на состојбата на депонијата „Буково“. Со специјална механизација теренот кој беше опожарен се покрива со големи количини земја, информираат од претпријатието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24