мај 2, 2024

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од следниот петок, 10-ти мај, започнуваат акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Општина Охрид.

Со календарот за оваа година е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на Општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
– Апелираме до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации можат да се јават на дежурниот телефон 075/495-428, секој ден во неделата во периодот 07:00 до 21:00 часот, додаваат од претпријатието.

Се надеваат дека на овој начин ќе придонесат да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и на други несоодветни локации, глетка на која сме биле сведоци во повеќе наврати, дело на неодговорни поединци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука