Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – По јубилеен 40-ти пат, во чест на празникот Илинден, утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи „Илинденскиот пливачки маратон“, во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Советот на општина Охрид.
Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 години и постари)
Стартот е во 10:30, односно 10:45 часот од плажата на хотел „Парк“.
Пристигнувањето на првите пливачи на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде после 11:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19