Торино, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Централниот дефанзивец на Јувентус ,Леонардо Бонучи е казнет од Јувентус поради расправијата со Масимо Алегри за време на натпреварот против Палермо.
Како што пишува „Тутоспорт“ весник близок до Јувентус, од управата презеле дисциплински мерки против фудбалерот и тој добил парична казна за своето однесување.Медиумот пишува дека и покрај казната, нема проблеми помеѓу Бонучи и Алегри и ситуацијата е нормална по инцидентот.
Старата дама во среда го игра првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Порто. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13