Торино, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Торино ќе се одигра реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Во терминиот од 20.45 часот Јувентус на домашен терен го пречекува тимот на Монако. Иако “старата дама” има предност од два гола од првиот натпревар одигран минатата недела, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, на прес конференција истакна дека тие сеуште не се во финале.
– Играме против силен ривал како Монако, тим што ќе нема што да загуби, а тоа може да биде многу опасно за нас. Опуштање не доаѓа во предвид, Монако има играчи кои се способни да ни создадат огромни главоболки, затоа мораме да играме како да е 0-0, рече Алегри.
Во тимот на Јувентус за овој натпревар се враќа германецот Сами Кедира кој поради жолти картони ја пропушти првата средба во „кнежеството“. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива