Торино, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со головите на Манџукиќ и Алвес, Јувентус си обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите.
Реваншот од полуфиналето во Торино заврши 2-1.
Резултатот го отвори Марио Манџукиќ, со погодок во 33 минута, по асистенција на Дани Алвес.
По неколкуте асистенции и самиот Дани Алвес на самиот крај од првото полувреме, во 44минута со одличен волеј, се запиша на листата на стрелци.
Честа на Монако ја одбрани Мбапе, кој во 69 минута ја затресе мрежата на Буфон.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 3 јуни во Кардиф. Противникот на Јувентус ќе се знае по утрешниот реванш од мадридското дерби помеѓу Реал и Атлетико. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: dailymotion
Прочитано: 22