февруари 7, 2017

Торино, 07. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Италија пишуват дека напаѓачот на францускиот клуб Лион, Александре Лаказет, на лето би можел да го засили Јувентус.

Тој со Лион има договор до 2019 година, но според него сега е дојдено време за трансфер во поголем европски клуб.

Лаказет изминатиов период се споменуваше како можно засилување за Арсенал и за Челси, но сега во игра влезе и Јувентус кој е подготвен да плати околу 40 милиони евра за негов ангажман. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука