Неапол, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата Јувентус се пласира во финалето на Купот на Италија, каде ќе игра против Лацио, откако го елиминира Наполи во полуфиналната пресметка.
Игуаин, беше кобен за екипата од Неапол,тој на „Сан Паоло“ постигна два гола, па иако домаќините победија со 3-2, тоа не беше доволно за пласман во финалето.„Старата дама“ на првиот меч во Торино победи со 3-1 и успеа да се пласира во финалниот меч.
Мечот за титулата е закажан на 2 јуни на „Олимпико“ во Рим. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18