Торино, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Јувентус се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија, откако синоќа во Торино го победија Милан со 2-1.Старата дама во битката за влез во финалето ќе игра против екипата на Наполи.
Домаќините поведоа со голот на Пауло Дибала уште во десеттата минута, а Миралем Пјаниќ зголеми на 2-0 во 21.минута од мечот.На почетокот од второто полувреме гостите со голот на Карлос Бака намалија на 2-1.
Во преостанатите два четвртфинални натпревари кои ќе се играат на 31.јануари и 1.февруари ќе играат: Интер-Лацио и Рома-Чезена. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17