Торино, 06. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Интер имаа седум победи во низа во калчо лигата , но таа серија беш запрена синоќа во Торино од „старата дама“.
Јувентус во 23. коло од Серија А стигна до триумф од 1-0 против „нераѕурите“по кој дополнително се зацврсти на врвот од табелата, а херој во победата на Јуве беше Квадрадо со извонредниот гол во 45. минута.
По оваа победа Јувентус сега има 54 бода , шест повеќе и меч помалку од вториот Наполи, додека на третото место е Рома со 47 бода. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15