Скопје, 6. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – По кратка музичка пауза, македонската пејачка Кристина Арнаудова сними нова песна.
Новиот сингл се вика „Љубена“. Музиката е на Алена Попова, текстот е на Арнаудова, аранжманот е на Дарко Тасев, а снимана е во студиото на Кристијан Габроски.
– Звукот е оној кој сте навикнале да го слушате од мене, кој се уште и после толку години не можам да го сместам во ниеден жанр. Искрено се надевам дека песната за кратко време ќе и се залепи за уво на публиката, бидејќи се работи за исклучително заразна песна. Спот за неа планираме да сработиме следниот месец, но немаме се уште никакви детали околу тоа, вели Арнаудова.
Фотографиите од новата фотосесија ги направи Жарко Ќулиќ, стилист Ивана Кнез, шминката е на Фросина Фран, а за стјлингот на косата се погрижи студиото Урбан Артист.
Кристина Арнаудова најавува уште една нова песна наесен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Жарко Ќулиќ