Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот бизнисмен Љупчо Настоски, по четврти пат ќе учествува на локални избори и тоа како предводник на независна советничка листа.
Тој успеа да го собере потребниот број потписи и да обезбеди место во изборната трка.
Во разговор за Супер радио и OhridPress ги кажа мотивите зошто повторно донел одлука да се кандидира и со што ќе ги освојува гласовите на охриѓани, на претстојните локални избори, закажани за 15-ти октомври.
– Оваа моја четврта кандидатура ја поднесов со цел да помогнам да имаме подобар град и подобар живот во него. Да му помогнам на секој млад човек да дојде до својата цел, вработување и пристоен живот, а да не мора да се иселува од нашиот бисер, Охрид, македонскиот Ерусалим. Инаку, на незавсната советничка листа која ја предводам, која го носи бројот 24 на гласачкото ливче, има луѓе од речиси сите профили, од занаетчија па се` до доктор на науки. Oколу 80% од кандидатите се млади лица, а листата е и со мешан етнички состав, подвлече Настоски.
Љупчо Настоски е роден 1958 година, во Охрид, оженет и татко на три деца. Има 10 годишен работен стаж во градежната фирма „Бетон“ – Охрид, а од 1988 година ја води неговата фирма „Фурна Настоски“. (Крај)
извор: Охрид Прес фото: ОхридПрес