април 20, 2022

Охрид, 20. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вљубеникот во Охрид и неговите убавини, музичарот и риболовен водич Љупчо Стојкоски- Лепи е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Љупчо Стојкоски- Лепи на своите сограѓани често пати им приредува изненадувања од Охрид и Охридското Езеро, снимени преку посебни видео материјали. Постарите го знаат и како вокалист на некогашната охридска група „Шармер“, која неодамна одбележа 30 години од формирањето. Музиката, во било која форма останува негов сопатник во текот на целиот живот, а најпрепознатлив е по неговата, веќе антологиска, „Летото помина“.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Under Pressure на David Bowie & Queen, Is There Something I Should Know на Duran Duran и Father Figure на George Michael.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Стојкоски- Лепи падна на антологиската „О езеро мое“ на Нина Спирова. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука