Вашингтон, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ќе се лансира првата рециклирана ракета.
Американската компанија „Спејс икс“ вечерва во 18.27 часот, по локално време од Кејп Каневерал на Флорида ќе го лансира во вселената своето првенче од ваков вид. Задачата на новата ракета ќе биде во далечна орбита да се испрати комуникациски сателит за компанијата „СЕС“ од Луксембург.
Белата ракета „Фалкон-9“, која се наоѓа на платформата за лансирање на НАСА, во себе содржи висока ракета за постигнување брзина, што минатата година во вселената го испрати товарниот вселенски брод „Драгон“ без екипаж, а потоа се врати на океанската платформа.
Секое лансирање на „Фалкон-9“ ќе чини повеќе од 61 милијарда долари. (Крај)
извор: МИА фото: spacex.com
Прочитано: 24