Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дел од плажите на охридското крајбрежје и натаму работат без концесија, државата не ги презеде во свое владение, а таму се наплаќа и паркинг и лежалки.
Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески со став дека со нерегулираните односи на овој начин губат и граѓаните и општината. Тој откри дека изминативе две недели се работело на документација по однос на распишување на нов повик, со оглед дека не се случи преземањето на ингеренциите врз плажите од страна на државата.
– Елаборатите се веќе подготвени, па кон крајот на оваа или почетокот на следната недела ќе биде распишан нов повик за издавање на плажите каде има услови за истиот да биде објавен, вели Георгиески.
Минатата година пет атрактивни плажи на охридското крајбрежје беа дадени на аукција, а во март годинава министерот за транспорт и врски најави дека државата ќе биде надлежна за плажите во Охрид и во Струга, но од тоа се’ уште ништо. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива