октомври 25, 2017

Охрид, 25. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изминатиов месец до Регулаторната комисија за енергетика, повеќе јавни водоводни претпријатија, меѓу кои и охридски Водовод, поднеле барања за корекција на цената на водата за пиење.

Регулаторна до средината на ноември треба да се произнесе по поднесените пресметки и калкулации, кои секако се разликуваат од општина до општина.

Главниот збор околу одлуката за поскапување на цената на водата ќе го имаат градските советници. Доколку би се усвоиле промените, новите цени би важеле од следната година.

Граѓаните како и за секое поскапување негодуваат, велат ако поскапи водата тоа ќе се одрази врз нивниот и онака тенок семеен буџет.

Во моментов охриѓани плаќаат по 25,50 денари за кубик потрошена вода, а соодветно на тоа е и давачката за колекторот по 10,20 денари за м3 вода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука