март 3, 2015

Охрид, 3.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридската цреша заедно со овчиот кашкавал и сирењето од Бистра се најдоа на листата производи кои се во постапка за брендирање.

Досега процесот на брендирање го завршија шест производи – кочански ориз, тетовски грав, македонски ајвар, овчеполски мед, малешевско бело сирење, старо бачило бело сирење.

Согласно Законот за индустриска сопственост, оризот, гравот, ајварот, сирењето, виното, медот и минералната вода се првите 18 заштитени производи. Со новиот Закон за квалитетот на земјоделските производи, брендирањето го врши Министерството за земјоделство.

Со брендирањето, како што велат познавачите на приликите, се очекува овие производи да добијат поголема додадена вредност и да се продаваат на странскиот пазар. (Крај)

извор:ОхридПрес  фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука