Дебрца, 15. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на подрачјето на Општина Дебрца ќе се врши ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
Запрашувањето ќе биде теристичко (од земја) и ќе се врши во период од 20:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 55