Охрид, 16. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Владата на последната седница ја усвои информацијата за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам.
Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на Република Македонија, како и да се врши пријавување и одјавување на туристи од страна на давателите на услуги за сместување преку Интернет.
Дополнително платформата е-туризам ќе нуди можност да врши утврдување и контрола на даноците врз основа на пријава и одјава на туристи и податоци за индивидуални сместувачки капацитети како и известување за статистичките податоци во реално време на дневна основа или со интервал не повеќе од 24 часа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес