јануари 30, 2015

Охрид, 30.јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Согласно програмата за уредување градежно земјиште, ќе се уредува коритото на реката Грашница на потегот од булеварот „Туристичка“ до улицата „Железничка“ и кон улицата „Ариф Мустафа“.

Со тоа се очекува да се решат комуналните проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои живеат покрај реката.

Новото корито на Грашница на дел од течението кон сливот во Охридското Езеро, беше изградено и пуштено во употреба пред околу три години, но кејот и околината на реката сеуште не се комплетно уредени.

По налог на општинскиот инспекторат екипите на „Јавна хигиена„  речното корито на река Грашница и околниот простор се расчистуваше и во октомври минатата година со цел да се минимизираат опасностите од поплавување на околното земјиште.(Крај)

извор:ОхридПрес  фото:архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука