Охрид, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 8-ми Декември, Денот на Св. Климент Охридски, Патрон на градот, Општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба.
Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски
По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:
I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
II За ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).
Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари;
Износот на наградата за втората категорија е 3.000 денари;
Износот на наградата за третата категорија е 4.000 денари.
Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири-комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид. Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.
Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30-ти ноември 2024 година, треба да се доставуваат на следната адреса: Општина Охрид, ул „Димитар Влахов“ бр. 57 (со назнака: За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).
Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат. Авторството се докажува со четвртиот примерок.
Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември, Свети Климент Охридски-Патронот на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива