март 27, 2017

Скопје, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – По десетти јубилеен пат ќе се избира најдобриот бармен во Македонија.

Првенството ќе се одржи утре, 28 март, во хотелот Мериот во Скопје.

Бармените како и изминативе години, ќе се натпреваруваат во две категории, класична подготовка на коктели и „флертендинг“ што подразбира жонглерски акробации со барската опрема.

Натпреварот е поделен на два дела, квалификации и финале во кое учество ќе земат најдобрите 12 натпреварувачи. Натпреварувачите се оценуваат од две комисии, технички судии и „тестинг“ судии. Оној што ќе ја освои титулата најдобар, ќе ги брани боите на Македонија на на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска.

koktel_640x360

Токму во таа насока е и новината што е воведена годинава. Натпреварувачите треба да подготват коктел во категоријата во која ќе се натпреваруваме на Светското првенство, односно категоријата Long Drinks.

Организатор на настанот е Здружението на бармени на Македонија. Во рамки на првенството, ќе се одржат и два семинари, со врвни предавачи од оваа област. Во Скопје ќе бидат Ники Неиков од Бугарија и Мате Ксатлос од Данска. Ќе бидат презентирани нови коктели со Ketel One вотка, Bulleit бурбон и Angostura рум.

На првенството може да присуствува секој кој е заинтересиран да научи нешто ново или пак едноставно да ги поддржи нашите бармени. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука