Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод 5-ти јуни, Денот на екологијата, Женскиот центар “Бисера” традиционално и оваа година распиша конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.
Конкурсот се објавува со цел да ги поттикнеме граѓаните да земат учество и да дадат свој придонес за почист и поуреден Охрид, во пресрет на туристичката сезона, велат од Женски центар “Бисера”.
Конкурсот ќе трае заклучно со 3-ти јуни. Заинтересираните граѓани може да се пријавуваат секој работен ден во канцеларијата на ЖЦ “Бисера” Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21