Охрид, 21. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко – свест од Скопје ангажира тим од пет експерти од различни области, со цел изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето, на потегот од Охрид до Св. Наум.
– Оваа студија ќе ни даде идејно решение за велосипедска патека, автобуски и бродски транспорт на соларна енергија и ќе ги разгледа можностите за одржливо урбано планирање на Охрид, се вели во дописот од Еко – свест.
– Сметаме дека одржливиот развој на нашите најскапоцени заштитени подрачја е единствениот пат по кој нашата држава може да овозможи климатски отпорни заедници и локален економски развој со придобивки за сите граѓани во Македонија, велат од Еко – свест.
Според нивните планови, студијата наесен ќе биде презентирана и пред јавноста. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива