август 27, 2019

Скопје, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Комисија за образование, наука и спорт ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите и Предлог-законот за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, и двата во прво читање.

На дневен ред на оваа комисија се и статутарни одлуки за изменување на Статутите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, двете одлуки во прва фаза. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука