Скопје/Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Комитетот на Министри при Советот на Европа одлучи секоја година 28 јануари да се одбележува како „Ден за заштитата на личните податоци“.
Дирекцијата за заштита на личните податоци врз основа на поднесени претставки на граѓани, предупредува на строга заштита на личните податоци.
Од дирекцијата потсетуваат дека матичниот број на граѓанинот може да се обработува само: по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци; за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и во други случаи утврдени со закон.
На 28-ми јануари е отворена за потпишување „Конвенцијата 108 за заштита на лицата при автоматската обработка на лични податоци“ на Советот на Европа и повеќе од 30 години е темелник за заштитата на личните податоци во Европа и пошироко. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива