Струга, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот на Заедницата на Општина Струга на 6-ти март, понеделник, со почеток во 13:00 часот во своите простории ќе организира Отворен Ден: Образованието во Општина Струга.
На отворениот ден ќе се презентира подготвениот инфографик за образование преку кој граѓаните ќе се информираат со надлежностите на локалната самоуправа во областа на обазованието и буџетските трошоци во последните три години во оваа област. На оваа средба ќе присуствуваат претставници од одделението за образование и култура, одделението за финансии и претставници од Центарот на заедницата на Општина Струга.
Средбата е отворена за сите работници во образованието и сите други заинтересирани граѓани, кои ќе имаат можност да се запознаат со работата на локалната власт директно да постават прашања за проблемите и предизвиците во сферата на образованието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива