Охрид, 11. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го објави јавниот оглас за адаптирање на простор од околу 60 м² во подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев“ во населбата Рача, каде ќе се отвора Центар за ран детски развој.
Рокот за доставување на понудите е до 20-ти април до 12:00 часот. Евалуација на понудите ќе се врши истиот ден.
Понудите треба да се достават во затворено плико: „По Оглас за Барање за понуда за адаптирање на Центар за ран детски развој во населба Рача”, со назнака „не отворај“, во архива на општина Охрид.
Подетални информации сите заинтересирани можат да најдат на овој линк. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34