Охрид, 19. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Официјално потпишан договорот за изведба и поставување на урбана опрема на туристички локалитет Липона ливада во Националниот парк Галичица.
– Ќе се започне со изградба на инфраструктурни објекти со цел подобрување на туристичката понуда во паркот, информираат од НП „Галичица“.
Поставувањето на опремата е во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со Национален парк Галичица“ финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 66