март 15, 2017

Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во просториите на Црвен крст Охрид ќе се одржи промоција на изданието „Мојот живот после изгубен живот – Дневникот на Матилоска“, мајка на убиениот Димитар Матилоски од Охрид.

Црвен крст Охрид, како дел од својата социјално-хуманитарна дејност, ги поддржува иницијативите кои се насочени кон помош на ранливите категории на граѓани. Во таа насока, Црвен крст Охрид се вклучува во поддршка на промоцијата и продажбата на ова издание.

Средствата кои ќе се соберат од продажбата на „Дневникот на Матилоска“ ќе бидат наменети за хуманитарни цели, за помош на лица со здравствени проблеми.

Промоцијата ќе биде во 11 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Канал 5

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука