мај 16, 2017

Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – За потребите на Центарот за безбедност на вода, охридскиот Црвен крст распиша конкурс за пријавување на лица за курсот за спасители на отворени води.

Обуката ќе се реализира во Охрид, во периодот од 19-26 јуни. За неа ќе бидат задолжени национални инструктори за безбедност на вода, а се состои од теоретски и практичен дел.

Кандидатите кои ќе покажат интерес, не треба да се помлади од 18 години (да достават соодветен доказ-извод на родени, лична карта), треба да достават потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.

Заинтересираните кандидати може да се пријавуваат до 15 јуни, лично, во просториите на Црвен крст – Охрид  секој работен  ден  од 8 до 16 часот или електронски преку нивната фан страна. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука