Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ќе се санираат оштетувањата кои настанаа на „Алтанин Мост“ по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води во реките.
Како што информираат од општина Охрид, санацијата ќе започне веднаш по подобрувањето на временските прилики.
Според надлежните, мостот е оштетен поради надојдените води со последните врнежи.
– Состојбата со водотеците во регионот се следи будно за да се интервенира доколку има потреба, информираат од Кризниот штаб за справување со поплавите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 38