Охрид, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско во Охрид ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, информираат од Дебарско – кичевската епархија.
Почетокот е во 16 часот. На првиот Акатист ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г.Тимотеј. Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25